Фолк звездата Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил ја објави првата сторија во врска со нејзината нова љубов – Богдан Срејовиќ, откако се дозна дека се во емотивна врска.

Имено, пејачката сподели видео од ресторан каде позира со ќерката на Богдан од првиот брак, малата Искра, која Срејовиќ ја доби со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана.

Двајцата видно уживаа, а во еден момент од усните на Цеца може да се види како им порачува на преслатките близнаци да испратат бакнеж.