Српскиот патријарх г-дин Иринеј почина … Вечна ви слава – напиша Цеца и стави емотикон на молечките раце.

Insta

Инаку, во 1975 година Светиот архиерејски синод на СПЦ го избра починатиот Иринеј за епископ во Ниш. Тој беше востоличен во Катедралната црква во Ниш. Во неколку наврати бил и член на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква.

Помина цели 34 години на чело на Нишката епархија. На таа позиција останува се до изборот за поглавар на СПЦ. Иринеј беше избран за патријарх на Српската православна црква на 22 јануари 2010 година, по четири круга гласање и по случаен избор со извлекување на едно од трите ливчиња со имињата на кандидатите за избор на патријарх во потесниот избор.

Тој беше востоличен на 23 јануари во белградската катедрала, а на 3 октомври истата година во Печката патријаршија.

Кога гореше Катедралната црква во Ниш во 2001 година, патријархот Иринеј беше на работ на смртта, како самиот да гореше со неа. Во времето на бомбардирањето, заедно ја започнавме изградбата на Храмот на Светиот цар Константин и царицата Елена во Ниш и под бомби ги осветивме темелите.

Овие се зборовите на поранешниот премиер на Србија и поранешен градоначалник на Ниш, Зоран Живковиќ.

Инаку Цеца или Светлана Ражњатовиќ е родена во околината на Ниш, во селото Житораѓе од каде потекнува и Ивица Дачиќ.

Бидејќи починатиот српски патријарх бил 34 години на чело на нишката епархија од таму доаѓа и неговата духовна блискост со фолк пејачката Цеца.