Легендата на народната музика Џеј Рамадановски почина денес како резултат на срцев удар.

Тој остави неизбришлива трага во историјата на српската народна музика. Во деведесеттите, со својата енергија, шарм и глас, тој беше неприкосновен на домашната фолк сцена.

Džej

Во оваа тажна пригода се огласи и фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, која беше многу погодена од веста за смртта на нејзиниот колега :

  • Неверојатна кариера, неверојатен глас и неверојатен човек. За жал , тој замина прерано. Тој нè остави во шок. Џеј остави една неизбришлива трага на нашата музичка сцена. Секогаш ќе го памтиме по неговиот глас
Ceca

Го паметам неговиот весел дух, смисла за хумор и извонреден глас, не знам ни што да кажам освен, ти благодарам за сè убаво што остави зад тебе- рече Цеца по повод смртта на нејзиниот колега.