Сите 50 држави во САД и областа Колумбија се во состојба на итен повик викендов поради можни насилни протести на противниците на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, што ќе се одржи во среда.

Припадници на Националната гарда од сите делови на земјата се испратени во Вашингтон за да спречат какво било можно повторување на насилството од 6 јануари, кога пет лица беа убиени кога приврзаниците на Трамп влегоа во Конгресот.

Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди дека вооружените поддржувачи на Трамп може да прават протести во главните градови на сите 50 држави.

Vašington, SAD, policija, policijski pas, pretres

Барикади се поставени долж улиците на Вашингтон, а безбедносните мерки се зголемени.

Поради зголемените безбедносни мерки, зградата во која се наоѓа американскиот Конгрес е опкружена со метални огради.