Легендарната актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, а како што дознава Вечерњи лист од извори блиски до нејзиното семејство, актерката долго време страдаше од вирусот на Западен Нил, кој и беше пренесен од заразен комарец.

Поради сериозната болест, последните неколку месеци таа ги помина во тешка состојба, борејќи се за својот живот. Иако и беше укажана најдобра можна медицинска нега во американските болници, болеста за жал беше посилна.

Веста дека почина југословенската актерка Мира Фурлан се рашири низ целиот свет. Таа имаше само 65 години.

Оваа вест е објавена на нејзиниот профил на Твитер, со зборовите на самата Мира Фурлан.

Гледам во звездите. Јасна е ноќта и Млечниот пат изгледа толку близу. Одам таму наскоро. Сите ние сме од материја на звездите. Одеднаш се сеќавам на зборовите на Делин од сценариото на Џо. Не е толку лошо. Не се плашам. Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам убавината околу мене. И да вдишувам, под темно небо полно со звездите. Вдишувам. Издишувам. Тоа е се.

Мира Фурлан (1955-2021) е позната југословенска актерка која живееше во САД последните децении. Има глумено во бројни југословенски филмови и серии. Во САД е позната по улогата на амбасадор Делен во научно-фантастичната телевизиска серија Вавилон 5.

Мира е родена во Загреб на 7 септември 1955 година од мајка Еврејка и татко со хрватско-словенско потекло. Поранешната членка на Хрватскиот народен театар глумела во многу филмови. Еден од нив беше и Татко на службено патување на Емир Кустурица (1985), кога ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал.

Поради својот иден сопруг, режисерот Горан Гајиќ, со кого се запознава 1986 гидина, пред распадот на СФРЈ таа живееше на релација Белград-Загреб. Хрватските медиуми ја обвинија дека се приклонила на Србија и почнаа да ја нарекуваат предавничка. Често посетувала психијатар, поради што беше изложена и на јавни осуди.

Откако ја отпуштија од Хрватскиот народен театар, станот што го наследи од нејзината баба и беше одземен, а таа добиваше по 50 смртни закани на ден. Поради сè што се соочуваше, Мира и Горан беа принудени да се преселат во Белград во 1991 година, од каде заминаа во САД. Според медиумите, покојната Милена Дравиќ и помогнала за време на оваа емиграција.

Кога пристигнаа во САД, направија се за да преживеат. Горан работел како доставувач на пица, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и преведувач. Во Америка го добија синот кого го нарекоа Марко Лав.