Обилните врнежи од снег и дожд во изминатите неколку дена поплавија домови и земјоделско земјиште на Балканот, го нарушија патниот и поморскиот транспорт и снабдувањето со електрична енергија, објави Асошиејтед прес.

Денес во Србија е прогласена е вонредна состојба во јужната општина Дољевац, каде спасувачките екипи им помагаат на десетици луѓе да се евакуираат. Државната телевизија РТС објави дека многу земјоделски земјишта и земјоделски згради се поплавени, а многу села во јужниот град Лесковац се без вода за пиење со денови поради снег и дожд. Во централните и источните региони на земјата илјадници луѓе останаа без електрична енергија откако снегот предизвика штета на електричната мрежа. Властите ги предупредија возачите да бидат претпазливи поради снежните врнежи и да не одат по патот без апсолутна потреба, пренесува

Нарушувања на сообраќајот и ограничување на брзината беа најавени во Хрватска, каде автобус се преврте утрово на главниот автопат Исток-Запад, при што беа повредени осум лица.

Поплави има и во Албанија и Косово, каде поројните дождови се менуваат со снежни врнежи со денови.

Огромни области се поплавени во западна Албанија, оштетени се мостови и патишта, оставајќи цели села изолирани од светот. Лошите временски услови предизвикаа и прекин на електричната енергија, оставајќи многу училишта денес затворени. Властите се обидуваат да го контролираат нивото на водата во главната централа на реката Дрим. Армијата, полицијата и локалните екипи се обидуваат да им помогнат на жителите на изолираните села во областите Скадар, Леја и Драч, кои беа погодени од катастрофални поплави и во 2010 година.

На Косово, локалните власти се консултираат со командата на КФОР на НАТО за тоа како да им помогнат на погодените области од поплавите на западот на земјата, каде што жителите се принудени да ги напуштат своите домови. Куќа во селото Фуше беше поплавена и оштетена, но нејзиниот 60-годишен сопственик Муи Забели се пожали дека не добил помош. “Никој не се грижи. Тука може се да изгубите, но никој не се грижи”, рече Забели.

Лизгави патишта и силен ветер ги принудија властите да забранат камиони со приколки и двокатни автобуси на некои патишта, а многу траекти на Јадранот беа суспендирани.

Поројните дождови во јужна Црна Гора го оштетија зидот на тврдината во градот Улцињ, близу границата со Албанија.