Фармацевтската компанија Модерна ќе ја продава својата вакцина против коронавирус на државите по цена од 25 до 37 долари за доза, во зависност од нарачаната количина, изјави извршниот директор Стефан Бансел.

Нашата вакцина чини исто колку и вакцината против грип, што е помеѓу 10 и 50 долари – рече тој за „Велт ам Зонтаг“.

Европските официјални лица сакаат да постигнат договор со Модерна за набавка на милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена помала од 25 долари за доза, пренесува Ројтерс.

Сè уште ништо не е потпишано, но ние сме блиску до договор со Европската комисија. Ние сакаме да доставиме вакцини во Европа и да имаме конструктивни разговори – рече тој, додавајќи дека прашање на денови е кога договорот ќе биде готов.

Модерна рече дека нејзината експериментална вакцина е ефикасна 94,5 проценти во спречувањето на инфекцијата Ковид 19, заснована на последната фаза од клиничкото испитување.