Сите експерти велат дека короната е болест која најмногу ги погодува старите, за жал, според податоците од Македонија, само во нашата држава од корона повеќе умираат младите. Ресорните органи ќе треба да се помачат и да ни одговорат зошто кај нас е така?

Црн биланс на починати лица од корона вирус има во последната статистика која ја објави Министерство за здравство во Република Македонија. Починале дури девет лица меѓу кои: од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 50
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 5
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 4
-Охрид 2
-Гостивар 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Делчево 2
-Кичево 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 104 оздравени пациенти.