Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер.
Од последниот пресек, тестирани се 5.326 лица.

Во изминатиот ден 11 лица беа хоспитализирани, па сега во словенечките болници има 1.275 пациенти.

Бројот на луѓе на интензивна нега е 208, пренесува СТА.

Од почетокот на епидемијата во Словенија, заразени се 56.932 лица, од кои 876 починале.