Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе упати барање за објаснување до колегите од Србија, по објавата дека Белград за 24 часа излечил над 4.000 заболени од коронавирус.

Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора за „Антена М“ рекле дека со почитуање на препораките на ЕУ, олабавувањето на мерките и отворањето на границите мора да се врши постепено и на основа на научно засновани докази и факти.

Предложиле отворањето на границите во другата фаза од борбата против ковид-19 да се врши кон оние земји кои имаат мало епидемиолошко ниво на ризик, кое е поставено на 25 активни случаи на 100.000 жители.

Како што наведуваат, со оглед на тоа дека неколку држави во светот не го пријавуваат бројот на оздравени случаи, па поради тоа, за нив не било можно да се пресмета бројот на активни случаи, па Институтот преку вообичани стручни канали замолил за појаснување од колегите во тие држави, за да се обезбеди сите патници во меѓународниот сообраќај да имаат еднаква можност да допатуваат во Црна Гора, почитувајќи го дефинираниот епидемиолошки услов.

Барање со исто објаснување ќе биде испратено и до Институтот за јавно здравје на Србија, велат од црногорскиот институт за јавно здравје.


Напишете коментар