Банките и деловните кругови од Вол Стрит ги раскинаа односите со Доналд Трамп и членовите на Републиканската партија во Соединетите држави по немирите во Капитол минатата недела, објави АП.

Компанијата Страјп ја запре обработката на плаќањата за кампањата на Трамп, изјави информиран извор, кој побара анонимност, бидејќи одлуката сè уште не е објавена во јавноста. Оваа одлука, која прво беше објавена од Волстрит журнал, ќе ја лиши неговата кампања од стабилен извор на приход – мали донации од неговите приврзаници.

Американскиот гигант за платежни плаќање Американ експрес и Џеј Пи Морган Чејс банка соопштија дека нема да донираат повеќе пари за кандидатите кои ги поддржаа немирите минатата недела или не гласаа за одобрување на победата на Бајден во Конгресот.

Некои технолошки компании, како Фејсбук и Твитер, исто така, презедоа мерки против претседателот Трамп и ги блокираа неговите сметки на социјалните мрежи откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот.