Се уште владеачката Демократската партија на социјалистите одржа седница на Главниот одбор на партијата, а црногорските медиуми шпекулираат дека била донесена одлука за свикување вонреден конгрес на ДПС.

Дел од медиумите дури шпекулираат за можно заминување на Мило Ѓукановиќ, иако поединечно партијата освои најмногу гласови и пратеници на изборите, но најверојатно нема да може да ја формира новата влада и по 30 години власт ќе заминат во опозиција.

Според „Вијести“, Конгресот треба да се одржи во следните неколку месеци, а на него се очекува „сериозно преструктуирање“ во партијата.

Сега засега сите молчат што тоа значи, но веќе има шпекулации за можно заминување на Мило Ѓукановиќ од раководството на партијата, за што не беше можно да се добие потврда, пишува весникот.

Главниот одбор на ДПС се состана само пет дена по изборите на кои беше прекината тридецениската власт на ДПС.

Во исто време, порталот Ин4с повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека сегашниот претседател на Црна Гора и ДПС поднесува оставка и ги признава резултатите од изборите на кои неговата партија загуби по 30 години владеење.

Очигледно во Црна Гора не важи правилото “да не беа гласовите на БЕСА, Мило ќе победеше и ќе формираше влада, туку како во секоја нормална држава по губењето на изборите се закажува Конгрес и се оценува работењето на првиот човек на партијата и неговиот тим.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *