Бугарите одат против сите закони на природата, каде се има свој почеток и свој континуитет, само кај македонскиот народ нема континуитет и според Бугарите тој настанал од ништо.

Ова во интервјуто кое ќе биде објавено во вечертшната емисија Во Центар, која се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го објаснува професорот Љубомир Цуцуловски.

Бугариоте одат против самите себеси, вели Цуцуловски, бидејќи ако се прифати нивната теза, која ја форсираат, особено Каракачанов и Захариева, но ништо помалку не се тука вплеткани Бојко Борисов и нивниот пртетседател, дека ние сме разбугарчени Бугари, со декрет на Коминтерната, на Тито и на Георги Димитров, тогаш се поставува логично прашањето каква нација се Бугарите кои дозволуваат преку ноќ од нив да бидат создадени два милиони Македонци, поентира Цуцуловски.

Тоа е како една пластелин нација кога од нив можат утре да се направат два милиони Гагаузи, вели тој.

Според Цуцуловски тоа не е навреда за Македонците од Каракачанов или Захариева туку тоа е навреда за сопствениот бугарски народ. Тие луѓе, вели тој, мислам на бугарските политичари не знаат што зборуваат и не се свесни за зборовите што ги кажуваат.

Според мене, вели Цуцуловски, Каракачанов е бугарска верзија на Шешељ. Тој, мислам на Шешељ, вели Цуцуловски, кога 1991 или 1992 година беше прашан што со Македонија, тој тогаш изјави дека Македонија не е ништо и дека е доволно да се пратат само неколку единици и ќе се среди Македонија.

Истото сега вели тој, 30 години подоцна го тврди Каракачанов. Тој ќе испрател еден полк и ќе ја средел Македонија. Духот е истиот и кај Шешељ и кај Каракачанов, вели професорот Цуцуловски.

Целото интервју ќе можете да го гледате вечер во 22 часот во емисијата Во Центар која се емитува на јутуб.