Како што истакна еден од најбогатите луѓе на планетата, неговата компанија „Фејсбук“ има за цел во иднина повеќе да се фокусира на виртуелната и зголемената реалност

IPhone е еден од најпопуларните уреди досега, и сè уште е најважниот производ на Apple, но ќе дојде време кога друг вид на уред може да го замени и да го „прегази“.

Многу други експерти од ИТ светот се на исто мислење. Поточно, не само што iPhone ќе заврши, туку и сите паметни телефони. Цукерберг индиректно алудираше на фактот дека се подготвува да го „убие“ култниот производ на „Епл“, бидејќи има за цел да го направи Фејсбук првата компанија што значително ќе ја обликува виртуелната и проширена реалност.

Според него, најпознатата социјална мрежа се подготвува да направи револуција во светот на технологијата, без употреба на физички, опипливи екрани. Иако мислевме дека „екраните на допир“ се врв на технологијата и општеството во кое живееме, наскоро сфативме дека не сме стигнале ниту „на половина пат“ до иновациите и напредните алатки.

Како што понатаму изјави еден од најбогатите луѓе на планетата, „светот добива водечки и иновативни технолошки платформи на секои 15 години“.