Ги снема Бојко Борисов и Андреј Ковачев. Останаа само Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева. Дури и Каракачанов се умори и на првата борбена линија остана само Захариева.

Како коњот во шахот, таа скока од една на друга бугарска телевизија. Не успева да ги смени ниту хулахопките меѓу две телевизиски гостувања. Или чорапогашти на бугарски. Гледате колку се исти македонскиот и бугарскиот јазик-да речете хулахопки, а да мислите на чорапогашти. Или да речете Захариева на бугарски, а да мислите на Шеќерова или Шеќеринска на македонски.

Но тоа што запрепастува е таа пизма која оваа жена, во секое интервју, ја покажува кон Македонија. Таа потреба да биде важна, моќна, да одлучува, да биде прашана и да биде слушната. Таа потреба да не понижува.

Дипломатијата е шминката на една држава. Ако Захариева е шминката на Бугарија, тогаш е тоа една размачкана шминка, како по некоја забава во селска крчма во три часот наутро. Или како на оние руски забави за Нова година, кога не знаете дали дома ќе се вратите пијана или бремена.

Никој не нема толку понижувано како оваа жена. Дамата од Пазарџик. Градот каде живее голем процент на бугаризирано ромско население. И градот во чија близина во септември 1944 година ( само неколку дена пред ослободувањето на Бугарија ) е загинат ( убиен? ) Методија Шаторов Шарло.

Знаете, можно е Захариева да кажува намерно некои работи за да предизвика реакции во македонската јавност и потоа да оди во Брисел и тие реакции да ги прикажува како говор на омраза. Но, ќе ме извинете, ниту во Брисел има толку прости дипломати, а ниту пак госпожа Захариева е толку паметна да размислува толку далеку.

Се работи за драматичен бугарски комплекс и проблем да се соочат со реалноста. Бугарите се мајстори да креираат лажна реалност, потоа ќе се убедат да веруваат во таа лажна реалност, а на крај ќе ни се лутат на нас останатите дека не се согласуваме со таа нивна реалност.

За Захариева Тито бил исто што е Хитлер. Тогаш по нејзината логика Цар Борис бил исто што се Черчил или Рузвелт. На крајот од краиштата ( а тоа никогаш не треба да го заборавиме ) до пред 15 години синот на цар Борис, Симеон Сакскобурготски беше бугарски премиер, а во неговиот премиерски мандат Бојко Борисов беше директор ( генерален секретар ) на бугарската полиција, а потоа и градоначалник на Софија.

И тоа е тој бугарски национален и политички коњуктивитис. Да бидеш во влада на бодигардот на Тодор Живков или да бидеш колешка со агентот на бугарските комунистички тајни служби Иван, а да ја обвинуваш Македонија дека се уште не е декомунизирана и како таква не може да влезе во ЕУ.

Ќе биде мачно да се следи оваа дама во наредните денови и месеци. Пизмата е како селска кал залепена за нејзините штикли. Без пизмата таа ќе нема употребна вредност. А без употребна вредност таа сепак ќе биде само една средновечна госпожа од Пазарџик. А таа како ѓавол од крст, или како бугарин од вистината, бега од Пазарџик. Затоа ќе продолжи да не пизми и понижува. Бидејќи ако не не пизми и понижува нас Македонците ќе мора да ја пизми и понижува онаа Екатерина Захариева која по секоја цена сака да избега од Пазарџик.