Според статистичките податоци објавени во Фајненшл тајмс, Македонија е трета земја во светот според бројот на новозаболени и починати од коронавирус на 100.000 жители во последната недела.

Според тие статистички податоци, Македонија забележала два смртни случаи на 100.000 жители во неделата до 7 април, пренесува Танјуг.

Пред нашата држава, според оваа листа, се Унгарија со 2,44 смртни случаи на 100 000 жители и Босна и Херцеговина со 2,31 смртни случаи.

Анализата на Фајненшл тајмс се заснова на податоци собрани од Институтот Џон Хопкинс, Светската здравствена организација, системот за контрола за следење на пандемијата на британската влада, Француската агенција за јавно здравје и Шведската агенција за јавно здравје.