За околу недела дена, поточно од 24 април, граѓаните кои секојдневно стравуваат какви нови бројки на заболени, оздравени и починати носи корона вирусот, ќе слушат и други бројки. Тоа ќе бидат оние предизборните, бројки кои ќе кажуваат што и колку ќе биде направено ако на 15- јулските избори таа партија ја добие мнозинската доверба. Нема дилеми, тие бројки ќе бидат големи, преголеми…

Техничкиот премиер Оливер Спасовски деновиве веќе најави дека неговата партија во следниве неколку години планира да обезбеди инвестиции вредни дури две милијарди евра во инфраструктурни и други проекти. Ова не е за првпат на македонските граѓани да им се ветуваат милијарди, а нема да биде ниту за првпат таквите ветувања да не се исполнат.

Исто како што не се исполнуваа бројните до сегашни ветувања. Затоа скопјани овој пат бараат од партиите да се спастрат и да се однесуваат посериозно.

Ама дали ќе биде така? Двете најголеми партиски групации во Македонија уште во мaрт годинава, кога се очекуваше дека парламентарните избори ќе се одржат на 12 април, веќе тогаш побрзаа да ги кажат своите главни ветувања на граѓаните. Коалицијата предводена од владеачката партија СДСМ под мотото „Можеме – Уште подобро и уште повеќе” уште во март на виделина ги исфрли главните адути: до крајот на 2024 година ќе отворат 100.000 нови работни места, невработеноста ќе падне под осум проценти, просечната плата ќе биде 600 евра, а минималната 300”, најмала пензија ќе биде 10.800 денари, ќе направат 777 социјални стана, нема да се работи во недела… Во март не заостанува ниту опозициската коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ наречена „Обнова на Македонија”. Тие тогаш најавија: „Ќе направиме бесплатен приклучок за гас на се кое домаќинство”, „Не вработеноста ќе падне под 10 проценти”, „50 отсто по чист воздух”, зголемени пензии, плати, пониски даноци, рамен данок од 8 проценти…

– Ако лажат, а тоа веднаш ќе се види, воопшто нема да ги слушам партиите во кампањата, ниту да ги гледам, а ќе видам според минат труд за кого ќе гласам, ни прокоментира скопјанецот Бојан.

Партиите, очигледно, ќе треба да го сменат пристапот, но дали знаат да бидат објективни?

– Јас лично изборните ветувања веќе не ги доживувам како реални. Всушност, не треба да се има илузии дека изборните ветувања и сега ќе бидат реални. Такви нема. Заради тоа веќе и нема доверба и позитивен прием кај граѓаните. Посебно не сега во време на коронакризата и на безработицата, ни вели граѓанинот Љубен Цветкоски.

Слично мисли и граѓанката Јасмина Иванчиќ.

– Во тие ветувања нема ништо реално. Да имаше реално ќе имаше и факти врз основа на кои тоа ќе го исполнат. За ова нема друг лек освен народот да се едуцира политички, смета таа. Дали граѓаните ќе успеат во тоа ќе по кажат и претстојните избори. Тие сами треба да проценат. Но, основно е тоа дека партиите не смеат да претеруваат со ветувањата


Напишете коментар