Барселона е под огромен притисок. Сезоната ја заврши без трофеј во домашните натпреварувања, а шпанските медиуми повеќе се бавеа со несогласувањата во екипата и проблематичните одлуки на челниците на клубот, посебно со ангажманот на Кике Сетиен по отпуштањето на Ернесто Валверде, наместо со играта на Блауграна – измеѓу останатото и поради тоа што често беше невообичаено безидејна, дури и бројните победи им беа препишани на „мускулите“ и чистите индивидуални квалитети, првенствено на Лионел Меси. И самиот капитен на каталонскиот великан „зрачеше“ со нервоза и незадоволство, па поради наведеното Барселона не е апсолутен фаворит против Наполи, иако „кецот“ натежнува над останатите исходи.

Споменатиот Сетиен има додатни главоболки пред овој натпревар на празниот „Камп Ноу“. Стандардниот стопер Самуел Умтити и крилото Усман Дембеле се повредени, а столбовите на редот за врска Серхио Бускец и Артуро Видал се суспендирани и тоа ќе биде голем проблем во организацијата на играта. Покрај тоа, неизвесни се и настапите на централниот бек Клемон Ленгле и скапо платениот напаѓач Антоан Гризман.

Погледнете ги сите коефициенти за мечот Барселона – Наполи »

Значи, колегата на Сетиен, Џенаро Гатузо, може да биде задоволен, иако и тој си има маки: капитенот и „моторот“ Лоренцо Инсиње веројатно ќе биде изоставен од екипата поради повреда на тетивата, додека стоперот Костас Манолас одамна е надвор од акција, а и српскиот дефанзивец Никола Максимовиќ се бори со време и повреда на глуждот. Притоа, Наполи во финишот на тукушто завршената сезона во Серија А беше многу лош на гости – загуби на три од последните пет гостувања, а ниту едно не беше потешко од ова.


Напишете коментар