Поранешниот српски министер за надворешни работи, а сега спикер. на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ го обвини Зоран Заев дека ги прифаќа бугарските уцени дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, бидејќи, според Дачиќ, Заев тоа го правел да ја добие бугарската согласност и зелено светло за отпочнување на македонските преговори со ЕУ.

Меѓутоа, во самата Србија сега го напаѓаат Ивица Дачиќ дека како министер за надворешни работи воопшто не реагирал на делувањето на бугарските служби на територијата на Србија.

Претседателот на Одборот за Косово и Метохија, Милован Дрецун директно го обвини Ивица Дачиќ, дека го уценувал Александар Вучиќ и инсистирал за министер за портфељ во новата влада да биде избран Потпретседателот на партијата на Дачиќ-Ивица Тончев, кој осуден на три месечна затворска казна поради насилство и кој има десетина кривични пријави за злоупотреба на парични средства.

Според Дрецун, Тончев кој е главен во општината Сурдулица и во тој дел на јужна Србија работи за реализација на големо бугарски националистички проекти.

Бугарските тајни служби, на големо работат во Србија, вели Дрецун и додава:

Поранешниот министер за одбрана, а сега претседател на нивниот Атлантски совет, Бојко Ноев потврди дека бугарската служба е присутна во Јужна Србија и додаде дека треба да бидат уште повеќе присутни.

Според Дрецун, Бугарите тоа го оправдуваат со фактот дека во Ниш се наоѓа рускиот шпионски центар и затоа тие треба да бидат присутни во регионот, бидејќи Ниш се наоѓа на 30 километри од границата со Бугарија. Ниш се наоѓа на повеќе од сто километри од границата со Бугарија, вели Дрецун, но Ниш се наоѓа на 30 километри од границата на Голема Бугарија.

Тоа се големо бугарски претензии на дел од нашата територија. Тој е поранешен министер за одбрана, не е човек кој не ги знае работите и кој не знае како делуваат бугарските служби, објаснува Дрецун и додава:

Но потоа видов дека постои некоја координација односно договор меѓу поединци од југот на Србија и некои бугарски политичари. И потоа се ми беше јасно. Јас затоа не можам тоа да го прифатам и мислам дека оваа влада уште во стартот е компромитирана со учество на таков министер без портфељ и мислам дека не е коректно од Ивица Дачиќ што вршеше притисок тој да биде министер во владата, вели Дрецун.

Се сеќавате што му се случи на Претседателот на здружението за одбележување на ослободувањето на Сурдулица и Владичин хан во Првата светска војна, прашува Дрецун? Со моторна пила му го исекоа целиот овоштарник каде имаше насади со тригодишни сливи. Тоа беше предупредување кон него, вели тој.

Бугарите направија огромни злодела во јужна Србија во двете светски војни, вели Дрецун. Топличкото востание беше повод Бугарите да направат страшен масакар. Арчибалд Рајс се бавеше со тоа по Првата светска војна и тој зборува за неколку илјади убиени цивилни жртви. Пет или шест масовни гробници има во Сурдулица во правец на Попов мост. Знаете ли зошто се вика Попов мост? Бидејќи Бугарите имаа заклано поп на тој мост. Огромен број свештеници и од Македонија и јужна Србија беа носени во Сурдулица, вели Дрецун.

Јас зборував за жртвите на Сурдулица во Првата светска војна кои се убиени од Бугарите. Тие жртви сега се канонизирани. Новиот министер Новица Тончев тоа го омаловажува. Првиот пат кога нивните мошти се таму пренесувани тој организираше бесплатна екскурзија на учениците од Сурдулица во Јагодина само децата да не се присутни тој ден и да не ја знаат својата историја. Вториот пат организираше некои спортски игри каде се играше фудбал, објаснува Дрецун и додава:

Има огромен револт поради тоа и ние тоа како српска држава повеќе нема да го толерираме.

Инаку, братот на министерот Новица Тончев, Ивица Тончев беше советник на национална безбедност на Дачиќ кога тој беше премиер на српската влада и според изештајот на БИА во тој период во името на Дачиќ, Ивица Тончев имал неколку средби со најмалку пет високо рангирани припадници на кримналното подземје.