Дали може да следува еден внатре албански конфликт поврзан со случајот жолта куќа и работата на Специјалниот суд во Хаг посветен на злосторствата направени од страна на УЧК?

Минатата недела беше објавено дека првиот владин вицепремиер преведувал во жолтата куќа па тоа беше потоа демантирано и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и од самиот Груби.

Во изјавата за медиумите Груби потврди дека работел за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и дека во албанскиот град Бурел бил заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму, но како што вели тој на крајот се утврдило дека таму нема никаков случај.

Според Груби: Сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година, во канцеларијата на обвинителката како преведувач, и сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман, вели тој.

Својата “одбрана” во јавноста Груби ја темели на следните факти: Јас бев во Албанија во 2004 година, вели тој, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година“, објаснува Груби.

И по оваа објаснување, допрецизирање или демантирање на наводите кои беа објавени во македонските медиуми го снемува Груби. Одеднаш го нема арогантниот Груби кои ги иритира или ги провоцира македонските граѓани, го нема Груби како дели лекции по медиумите, го нема Груги кој глуми поголем премиер од премиерот Заев. Зошто ако е се чисто во операцијата жолта куќа на Груби тој одеднаш како да пропадна во земја?

Затоа што вистината не е баш таква каква што сакаат да ја прикажат и Артан Груби и Али Ахмети. Во што е суштината?

За случајот жолта куќа прва пишуваше поранешната хашка обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а врз база на тие сознанија потоа случајот почна да го истражува специјалниот истражувач на Советот на Европа, Дик Марти.

И тука доаѓаме до клучната поента: Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи и уште неколку други членови на УЧК се темели токму на извештајот на Дик Марти.

Да, на Хашим Тачи и на Кадри Весели не им се суди за жолтата куќа, но врз база на истрагата за случајот за жолтата куќа е формиран Специјалниот суд во Хаг за злоделата направени од УЧК. За тоа во емисијата Во Центар дебатиравме и со поранешниот косовски комунистички лоидер, Азем Власи.

И тука доаѓа заплетот: Артан Груби бил дел ( преведувач или асистент на иследникот ) на еден процес и врз база на тој процес потоа е формиран Хашкиот суд за злосторствата на УЧК, каде сега судење чека Хашим Тачи, кој е осомничен за 98 убиства и други злосторства кон човештвото.

И тоа е веќе основа за внатре албански конфликт во целиот регион на тема кои се предавници а кои се патриоти кај Албанците, односно кои биле против а кои со својата работа придонеле да биде формиран Специјалниот суд кој сега му суди на Хашим Тачи.

По потврдувањето на обвинението на Специјалниот суд против поранешните водачи на ОВК, премиерот на Албанија, Еди Рама, зборувајќи за извештајот на поранешниот член на Европскиот парламент, Дик Марти во кој тој тврди дека злосторствата биле извршени од припадници на ОВК, ги обвини своите политички противници, Илир Мета ( Претседател на Албанија), Сали Бериша (поранешен албански премиер) и Љуљзим Баша (лидер на Демократската партија во Албанија) за поддршка на овој швајцарскиот сенатор.

Во објава на Твитер, Рама ги праша поранешниот премиер Бериша и претседателот Мета зошто гласале за извештајот на Марти, кој ја инкриминираше ОВК.

Тој исто така побара одговорност од лидерот на Демократската партија, за кого изјави дека „ја измислил Жолтата куќа“.

Илир, може ли да им кажеш на Албанците зошто гласаше за извештајот на Дик Марти, заедно со Сали, кога сите ние гласавме против. А ти, Љуљзим, дали можеш да објасниш кое досие го подготви за случајот со жолтата куќа заедно со перуанскиот лекар со кого собиравте докази – наведува Рама во својата објава на твитер.

Инаку извештајот на Дик Марти е материјалот што доведе до формирањето на Специјализираните совети во Хаг познати како Специјален суд за злоделата на УЧК!

Жолтата куќа постои и пред НАТО интервенцијата на СР Југославија, односно доаѓањето на НАТО силите на Косово. Ова во интервјуто за емисијата Во Центар го кажува адвокатот Горан Петронијевиќ кои во своето работење застапува многу лица на кои им се губи трагата за време на воените дејства во Косово во периодот од 1998/99 година.

Како што објаснува Петронијевиќ, можат вас Американците и Германците да ве сакаат најмногу на целиот свет но ако немате пари тие нема да ви дадат или поклонат оружје. Затоа, вели тој, беше измислен целиот тој систем на трговија со човечки органи и првите пари за вооружување и функционирање на УЧК се обезбедуваат од тие извори.

За да ги скријат трагите, објаснува Петронијевиќ, припадниците на УЧК во регионот на Северна Албанија, веднаш до тренинг камповите каде што се тренираат припадниците на УЧК, имаат отворени и кампови за измачување на заробеници и за трговија со човечки органи.

За тоа прв пат проговорува Карла Дел Понте, но дури откако ја напушти челната фунција во Хашкиот Трибунал. Но врз база на тие индиции, а потоа и врз извештајот на Дик Марти, е формирано Специјалното обвиниутелство за Косово во Хаг.

Некои тренинг кампови се отворени и 1997 година, вели Петронијевиќ, а во тој период таму може да се пронајде и името Абаз Џука а истрагата ќе треба да открие дали зад тоа име се крие Али Ахмети или некој друг, вели тој.

Хашим Тачи и Кадри Весели се веќе во Хаг. Иако не им се суди за жолтата куќа, сепак истрагата за жолтата куќа “им го свари гравот”. Ќе видиме дали во Хаг може да заврши и Али Ахмети. На крајот со своето преведување Артан Груби може да заврши поголема работа против УЧК во споредба со сите држави во регионот кои воделе процеси или биле во конфликт со УЧК.