Авионот со словачки припадници на КФОР, кој се сруши пред 14 години, можеби е соборен затоа што во него беа носени сандаци полни со форензички докази од масовните гробници на жртвите на ОВК во Косово, тврди адвокатот Горан Петронијевиќ.

Според Петронијевиќ, новите податоци кои се добиени, откако Словачка ја отстранила ознаката за тајност од документите за истрагата на овој случај пред една недела, укажуваат дека причината за несреќата на авионот можеби не е грешка на пилотот, како што првично се тврдеше кога авионот се урна на 19 јануари 2006 година, а во него беа припадници на словачкиот мировен баталјон стациониран во близина на Подујево кои се враќаа дома.

Припадниците на словачките мировници, изведоа форензички активности за ископ на масовни гробници. Имаме сведоштво на нивни колеги кои дошле да ги заменат, кои велат дека во тој авион имало некои алуминиумски куфери, а во нив, според нивното тврдење, докази поврзани со ископувањето на масовни гробовници во областа Подујево.

Петронијевиќ потсетува дека, откако пилотот беше обвинет дека поради негова грешка се случила оваа авионска несреќа, кога загинаа 42 лица, случајот беше затворен во рок од 24 часа, беше прогласен за државна тајна, и до пред седум дена не беше можно да се дојде до вистината за авионската несреќа.

Ако е тоа точно и ако со истрагата се утврди дека тие докази биле во авионот, се поставува прашањето каде се тие сега. Се поставува прашањето која е поврзаноста помеѓу тои докази и падот на авионот, вели адвокатот.

Тој апелира до Мирослав Лајчак, сегашниот посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина и поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, да го искористи своето влијание и да помогне во решавањето на целиот случај.

Би го прашал Лајчак дали тој знае нешто за тоа и дали тој влијаел да не се отвори истрагата, како што тврдат некои членови на семејствата на жртвите. Ако тој знае каде се доказите, а се претпоставува дека доказите се во Министерството за одбрана на Словачка, во нивното обвинителство или тие биле предадени во НАТО, дали Лајчак може да помогне да се најде нивната трага, прашува Петронијевиќ.

Тој додава дека украинскиот производител на авионот Антонов 24 кој паднал, со вештачење утврдиле дека авионот не можел да падне на начинот на кој било претставено во извештајот за несреќата.

Треба да се спроведе нова истрага за утврдување на вистинските причини за несреќата, а можноста за поврзување на причината за несреќата на авионот со доказите од ископаните гробници од Косово е мошне голема според мене, посочува Петронијевиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *