Актуелната мис на Велика Британија, Баша Мукерџи на кратко ја замрзна својата манекенска кариера и се посвети на хуманитарна дејност, односно да помага и да биде волонтер во борбата против корона вирусот.

Баша требаше да посети неколку земји во Африка, Турција, Пакистан и Индија, како амбасадор и мис на Велика Британија до август годинава, кога ќе и ја предаде круната на нејзинита наследничка, но таа сепак одлучи да се врати во својата земја и да се посвети на својата професија – медицина, односно борба против вирусот корона.

Баша е родена во Индија, но како дете пристигна во Велика Британија, каде што заврши училиште, и на крајот стана Мис Англија.

Еве некои фотографии од мисицата и докторка Баша:


Напишете коментар