Регионалните власти во Западна Германија соопштија дека бројот на заразени со вирусот корона, кој е поврзан со една голема фабрика за пакување месо, се искачи на 657, што е значително зголемување на бројот на случаи на регионално ниво.

Здравствените власти во Гитерслох изјавија дека ги добиле резултатите од тестовите на 983 работници во кланицата Тенис од кои 326 биле негативни.

Компанијата наведува дека е можно пандемијата да биде поврзана со работниците, кои го користеле олеснувањето на граничната контрола за да ги посетат семејствата во земјите од Источна Европа.

Властите наредија затворање на кланицата, како и изолирање и тестирање на сите оние кои работеа во комплексот Тенис, што доведе до карантин на околу 7.000 луѓе.

Исто така, беше решено да се затворат училиштата и центрите за грижа за деца во таа област сè до почетокот на летниот одмор на крајот на месецот, но беше решено да се избегнат пошироки рестриктивни мерки за карантин.

Портпаролот на компанијата Тенис, која е најголем преработувач на месо во Германија, на прес-конференција рече дека комапнијата работела интензивно да се заштити од коронавирусот и ги обвини своите работници, кои се од Романија и Бугарија, дека отпатувале дома за време на продолжениот викенд и го вратиле коронавирусот во Германија.

Останува чудно како Бугарија презентира факти дека одлично се справува со корона вирусот а ова е веќе трет кластер кој се поврзува со таа држава. Еден од првите кластери во Србија, во Ниш, го пренесоа туристи од Банско. Таков кластер имаше и во Македонија. И сега имаме романско бугарски кластер во Германија. Останува сомнеж како во Бугарија има ниски бројки на заразени а има заразени од вирусот кој во контакт со короната дошле баш во Бугарија!?


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *