Актуелниот шампион во бокс, во ВБА верзијата, Мани Пакијао планира да учествува на претседателските избори во Филипини во 2022 година.
Мани Пакијао е е еден од најдобрите боксери на сите времиња. Жива легенда во Филипини. Со помош на боксот од сиромашно дете стана идол во својата држава.

Сега 41-годишниот Пакјао полека го напушта боксот. Тој веќе една деценија е активен во политиката, а од 2016 година е член на највисокото законодавно тело Сенатот. Но, за некој кој е навикнат да биде прв и најдобар, тоа очигледно не е доволно, затоа тој реши да се обиде против контроверзниот лидер на нацијата, Родриго Дутерте, на претседателските избори што ќе се одржат во 2022 година.

И многумина веруваат дека тоа ќе се случи. Имено, Дутерте, како и неговата ќерка Сара, е голем популист кој ги мрази оние што не гласаат за него. Затоа, неговата опозиција е голема и силна и таа само чека да го следи вистинскиот човек.Од друга страна, Пакијао е далеку најпопуларен жител на Филипините веќе две децении, така што би било тешко да изгуби на фер избори. Најчудно е што тој е член на партијата на Дутерте и негов релативно добар пријател. Но, очигледно тој не се согласува со идејата Дутерте да биде заменет на претседателската функција од неговата ќерка, Сара Дутерте.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *