Дали Бојко Борисов, преку посредници, се договара со Зоран Заев прашањето за Гоце Делчев и уште неколку други клучни, но се уште спорни историски прашања, да бидат решавани по парламентарните избори во Бугарија, кои треба да се случат во март идната година.

Новинарот Георги Коритаров пред три дена изјави дека Бојко Борисов се плаши дека лош договор за Гоце Делчев ќе значи крај за неговата влада. Односно дека тоа ќе значи излегување на партијата ВМРО БНД и Красимир Каракачанов од власта и политичка криза во Бугарија.

Според нашите извори Борисов по следните избори планира влада без Каракачанов кој со своите радикални барања кон Македонија веќе станува товар за можен договор во кој ниту Скопје ниту Софија нема да бидат прегазени.

Зоран Заев на 11 октомври рече дека треба да се подготви македонската јавност дека може и да нема договор со Бугарија и дека може да има вето од Софија.

Ако тие прашања би се решавале со идната бугарска влада, тоа значи Македонија би добила зелено светло од ЕУ во мај идната година.

Таа варијанта, како што велат нашите извори, е прифатлива за Заев бидејќи со таква разврска тој ќе влезе во кампањата за локалните избори идната година.

Групацијата околу Каракачанов, Камчев и Мицкоски ќе се обиде да го растури тој договор Борисов-Заев бидејќи тие одат на политичка криза во Македонија, пад на владата на Заев и формирање широка влада.

Тоа им гарантира три работи: Мицкоски да се спаси од смена во партијата. Камчев да се спаси од судските процеси. Каракачанов да го помине изборниот цензус и да влезе во Парламентот.

Затоа таа група преку Каракачанов ќе врши силен притисок врз Борисов за решение веднаш и сега а тоа значи или прекин на преговорите и Заев да почне да глуми голем патриот или наше прифаќање и услови за големи политички потреси слични на ланските потреси со Рекет кој исто така беа дело на истата групација!?