Тоа што беше незамисливо до пред некоја година се случи на последните избори. Бранко Црвенковски му помагаше на Христијан Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ да победат на изборите, а Љубчо Георгиевски му помагаше и беше во коалиција со Зоран Заев и СДСМ. И не само што помагаа туку двете големи партии како да ги сменија своите дресови и сега СДСМ се повеќе личи на Љубчо Георгиевски отколку на Бранко Црвенковски, а ВМРО ДПМНЕ се повеќе личи на Бранко Црвенковски а се помалку на Љубчо Георгиевски.

На тој начин двата големи лидери на двете големи партии преку партиите кои им биле конкуренција во минатото сега се пресметуваат со своите наследници или пак се пресметуваат меѓусебно!?

Црвенковски се обиде и направи се Зоран Заев да не победи на изборите или ако веќе победи да не биде премиер на новата влада. Така беше осмислена стратегијата Албанец за премиер. А Љубчо Геориевски веќе подолго време е навреден од обидите и на Никола Груевски и на Мицкоски да се минимизира неговата историска улога во ВМРО ДПМНЕ.

Денес Зоран Заев води политика која е многу поблиска на Георгиевски отколку на Црвенковски. Заев ја реализираше стретегијата на Љубчо од пред 20 години и во однос на преговорите за името со Грција и во однос на договорите со Бугарија. Од друга страна преку Гордана Сиљановска и дел од кадрите во Агенцијата за разузнавање кои по падот на Црвенковски фатија пориклучок со Ѓорѓе Иванов, ракописот на Црвенковски се чита во потезите и политиката на Мицкоски.

Така што слободно може да се каже дека сме сведоци на еден процес на љубчогеоргиевизација на СДСМ и на бранкоцрвенковизација во ВМРО ДПМНЕ. Љубчо е незадоволен од позиционирањето на ВМРО ДПМНЕ и во однос на демократијата и во однос на надворешната полтика, а Црвенковскки тешко се помирува со правецот во кој се движи СДСМ и јавно во 2014 година побара оставка од Зоран Заев. Дури на овие избори со ниту еден збор Црвенковски не ги поддржа Заев и СДСМ на изборите, а јавна тајна е дека неговите луѓе работеа за Мицкоски.

Никој не очекувапше дека политички патишта на Црвенковски и Георгиевски ќе добијат таква траекторија. Двајцата беа икони на своиоте гласачи. И едниот и другиот со една лада ја почнаа или ја завршија својата кариера. Оставија огромни траги во двете најголеми партии и сега условно речено на стари години ги сменија дресовите.

Всушност, ова е повеќе обид и едниот и другиот да бидат во многу подобро светло запишани во македонската историја. Ќе видиме кој овој пат ќе биде со подобра проценка, односно дали новите Црвенковски или Георгиевски испратени по али експрес на чело на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе бидат добри или лоши ученици!?

Повеќе за ова во анализата во eмисијата Во Центар која почнува вечерва ( четврток ) околу во 22 часот и 30 минути на youtube.