Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека со употреба на сила ќе ги задуши протестите по американските градови во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Последен пат Законот против немири беше употребен 1992 година.

Трамп се закани дека ќе ја употреби Армијата за да се задушат немирите кои веќе седми ден се случуваат во Америка. Трамп изјави дека ако самите градови и сојузните држави не воспостават ред тој ќе ја распореди војската и брзо ќе воспостави мир.

На прес конференцијата, која ја имаше во градината пред Белата Куќа, Трамп порача-Додека ова го зборувам донесов одлука за распоредување на илјадници тешко вооружени војници и припадниците на безбедносните структури за да бидат спречени нередите, грабежите, вандализмот, нападите и безобзирното уништување на имотот.

Спопред аналитичарите Трамп може да се повика на Законот за бунтови кој е усвоен 1807 година и кој му овозможува на Претседатекот на САД со употреба на сила да ги задуши сите незаконски дејства во текот на вонредни ситуации. Последен пат тој закон беше искористен 1992 година, во текот на немирте во Лос Анџелес.

По завршувањето на прес конференцијата, Претседателот Трамп отиде до Црквата Свети Јоаван, која се наоѓа преку патот од Белата Куќа, и со библијата во рацете порача дека ќе го обезбеди мирот и безбедноста на Америка.

По овие случувања во Америка, на социјалните мрежи во Македонија се јавија многу јавни и тајни приврзаници на Никола Груевски, кои сега се незадоволни од новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со фејсбук статуси и коментари дека ако Груевски употребел сила како Трамп дека немало да има ништо од шарената револуција. Тоа само ја потврдува тезата дека во најголем дел тие курто мурто групации, кои се против Заев и Мицкоски, всушност жалат по времето на Груевски. Во овој момент нив ги обединуваат три работи: Нема корона вирус се е тоа голема лага, братот Трамп ќе ги растури глобалистите и шарените, и дека ЕУ и НАТО се распаѓаат. Таа групација дефинитивно не го сакаат Заев и СДСМ, но се незадоволни од Мицкоски. Ќе видиме дали ќе добијат намигнување од Груевски во последен момнент да го поддржат Мицкоски или да ги бојкотираат предвремените избори!?

Во последното интервју за емисијата Во Центар, контроверзнииот политичар, Никола Сандуловиќ, изјави дека Русите годишно трошат околу една милијарда долари преку проруски ботови да ја реализираат својата стратегија на Балканот.


Напишете коментар