Дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда, кое минатата недела се играше на стадионот на ФК Партизан, може да прерасне во нов кластер на зараза од корона вирусот. Од тоа многумина стравуваа бидејќи тој фудбалски натпревар се играше пред 20 илјади гледачи.

Денес српските медиуми објавија дека поранешниот капитен на Црвена звезда, Вујадин Савиќ, е позитивен на корона, како и неговата сопруга, актерката Мирка Васиљевиќ.

Савиќ беше присутен на дербито, а потоа се гушкаше и поздравуваше со фудбалерите на ФК Црвена Звезда.

Српските медиуми се сомневаат во неколку други неименувани фудбалери со кои Савиќ бил во контакт претходните денови.

Дел од српските портали се сомневаат дека најмалку уште тројца играчи на Црвена Звезда имаат коронавирус. Тие се Вељко Симиќ, Његош Петровиќ и младиот Марко Конатар, а Марко Гобељиќ и Душан Јованќиќ отидоа на тест по своја иницијатива поради нивните симптоми.

Фудбалскиот натпревар меѓу Аталанта и Валенсија беше бензин врз огнот и потоа пандемијата ескалираше во Италија и Шпанија. Српските власти очекуваат дека тоа нема да се случи во Србија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *