Дали Димитар Апасиев, првиот човек на Левица може да биде лидер на опозицијата во Македонија? На последните анкети, според личниот рејтинг и довербата кај гласачите, тој е на второ место на листата на најпопуларни македонски политичари-зад Зоран Заев, а пред Христијан Мицкоски.

Димитар Апасиев е дел на таа групација околу која гравитираат Гордана Сиљановска и целата екипа која и дава поддршка на Сиљановска. Синиша Алексовски и екс групацијата од Агенцијата за разузнавање која беше условно речено преторијанска гарда на Ѓорѓе Иванов. И делови на одредена олигархија кои не се дел на таа таканаречена длабока држава околу Комерцијална банка.

Во оној момент кога кон гравитацијата на Апасиев би се приклучиле партиите на Србите во Македонија, или просрпските и проруските партии во Македонија, делови на таканаречените асномисти во СДСМ и кога Соцојалистичката партија ( читај Сител Телевизија ) која е сега во потрага по лидер мо смрта на Љубисав Иванов Sинго би направила некаков понтонски мост на соработка со Левица тогаш тоа може да биде многу сериозен проект.

Целата анализа на оваа тема можете да ја гледате на следниот линк: