Во период од десетина години Народна Република Кина од држава која се бореше против сиромаштијата стана држава со огромни државни резерви кои ги инвестира во американски државни обврзници и во големи инвестициски проекти од типот Патот на свилата. Прашањето е дали Кина можеше самата да го направи тој квантен скок или станува збор за проект на т.н. Длабока држава која процени дека големиот пазар во Кина и ниските плати ќе им овозможат големи профити. На тој начин огромен број бизниси од САД и Западна Европа беа префрлени во Кина. Сегашната пандемија со корона вирусот покажа дека повеќе од 80 отсто од лековите кои се трошат во САД се произведуваат во Кина. Слична е сутуацијата во Западна Европа. Западниот капитализам најде партнерство со кинескиот комунизам за максимално зголемување на профитите. Почна да формира нов модел на владеење во светот кој се нарекува корпоративен капитализам/комунизам од кинески тип. Повеќе за ова од интервјуто со Крешимир Мишак и емисијата Во Центар.


Напишете коментар