Косовскиот премиер Абдулах Хоти ја откажа посетата на Вашингтон, но не и патувањето во Брисел: Тој ќе присуствува на серија состаноци со европски претставници.

Според претходните најави, нема да има средба меѓу Претседателот на Србија Вучиќ и Хоти во Брисел, но тие ќе разговараат со европските претставници на одделни состаноци.

Премиерот на косовската влада, Абдулах Хоти, кој утрово објави дека ја откажал посетата на Вашингтон, не ги откажа состаноците во Брисел, а неговата портпаролка рече дека сите планирани состаноци ќе се одржат.

Предвидено е Хоти во Брисел да се сретне со претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Претседателот на Србија, Александар Вушиќ, утре ќе отпатува за Брисел, каде ќе има серија средби со европски претставници.

Според претходните најави, Вучиќ и Хоти нема да се сретнат во Брисел, но тие ќе разговараат со европските претставници на одделни состаноци.

Многу е индикативно дека Хоти ја откажува посетата на САД но не и на Брисел. Дали длабоката држава на овој начин ги минира преговорите за иднината на Косово или косовските власти оценуваат дека нивните позиции кај екипата на Трамп не се доволно силни и затоа купуваат време чекајќи го исходот на ноемвриските избори во Америка.

Слична ситуација имавме 2008 година, по самитот на НАТО во Букурешт, кога Грција стави вето за Македонија проценувајќи дека за неколку месеци ќе истече мандатот на тогашниот Претседател Буш. Потоа таа грчка влада на Караманлис беше брутално соборена преку улични протести. Ако сега Трамп победи на ноемвриските избори тогаш ваквото однесување на косовските власти може да биде многу хазардерско!?


Напишете коментар