Светскиот македонски конгрес му дава поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп и му порачува: Светот ја чека вашата инаугурација!

Ова го напиша Тодор Петров, Претседателот на Светскиот македонски конгрес на својот фејсбук профил.

Според Петров, Светскиот Македонски Конгрес доби електронска порака од изборниот штаб на американскиот Претседател Доналд Трамп преку [email protected] на 7 ноември 2020 година, во која се вели:

“Почитувани пријатели, на Претседателот Трамп му е потребна Вашата помош. Демократите се обидуваат да ги украдат овие избори”!

На Претседателот Трамп сте му потребни токму сега, пишува во пораката која е испратена до СМК и до Тодор Петров и се додава:

Ви го испраќаме списокот со секој поддржувач што го додава своето име на линкот во прилог, во наредните саати. Ве молиме веднаш додадете го Вашето име, застанете со Вашиот Претседател во одбрана на изборите од радикалната левица.

Меѓутоа и покрај обидите за испраќање на електронска поддршка за Претседателот Трамп на приложените линкови во неговата електронска порака од yahoo, yahoo ја отфрла поддршката преку приложените линкови со одговор “Забранет пристап, пишува Тодор Петров.

На крајот вели Петров, одговорот на СДК беше испратен преку друга електронска пошта: [email protected]

Светскиот Македонски Конгрес е со претседателот Доналд Трамп! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија му го честитаат на Американскиот народ изборот на Доналд Трамп за 46. претседател на Соединетите Американски Држави! Светот ја чека вашата инаугурација! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија се со вас! Изборете се за победата! Претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.