Загрижувачка е приказната од Јапонија, каде еден пациент, наводно, развил симптоми по втор пат и бил тестиран позитивен за коронавирус.

Веројатно има илјадници неодговорени прашања, но едно од клучните е сигурно – може ли да се заразиме со корона вирусот двапати?

Загриженоста дека луѓето би можеле да го добијат корона вирусот, да се опорават, а потоа повторно да се заразат, порасна уште повеќе, откако беше објавено дека пациенти во Кина, кои беа пуштени од болница по два негативни теста, мораше да бидат вратени затоа што подоцна беа тестирани позитивни за корона вирус.

Загрижувачка е и приказната од Јапонија, каде, наводно, еден пациент развил симптоми по втор пат и бил тестиран позитивен за корона вирус, откако веќе еднаш го прележал. Но, ова се само претпоставки. Разбирливо е дека луѓето се загрижени за сериозната состојба и се плашат дека ќе се заразат по втор пат.

Експертите сè уште не знаат многу за коронавирусот, но имаат широко знаење за слични вирусни заболувања. По надминување на болеста, пациентите создаваат антитела на вируси и стануваат имуни на повторна инфекција со истиот вирус.

Сè додека не стане достапен тест за антитела, не е можно со сигурност да се знае дали имунолошкиот систем на пациентот развил антитела или дали станува збор за лажно позитивен тест, што може да се случи во некои ситуации.


Напишете коментар