Врховниот суд на САД издаде привремена мерка со која и се наложува на државата Пенсилванија да ги раздели сите гласачки ливчиња што пристигнаа по пошта по затворањето на избирачките места на претседателските избори во САД.

На сите окружни избирачки места им е наложено, додека не донесе нова одлука од Судот, да ги следат упатствата издадени од секретарот на Комонвелтот на 28 октомври и 1 ноември:

1) Да се одделат сите гласачки ливчиња добиени по пошта по 20 часот на 3 ноември да се одвојат во обезбедени, сигурни и запечатени контејнери одделно од другите гласачки ливчиња, стои во одлуката донесена од судијата Самуел Алито.

Да потсетиме, републиканците побараа од американскиот Врховен суд да ги раздели гласачките ливчиња што пристигнаа по завршувањето на денот на изборите,а судот ја прифати нивната жалба, барем додека не се донесе новата одлука на Врховниот суд на САД.

Републиканската партија се обидува да го блокира пребројувањето на гласачките ливчиња за кои Врховниот суд во Пенсилванија порано изјави дека ќе бидат преброени доколку бидат испратени по пошта и доколку пристигнат до петок.

Државните функционери веќе им рекоа на окружните власти да ги одделат тие гласачки ливчиња, пренесува Блумберг.