Многу млади имаат пневмонија, иако тоа не беше случај во март, април и мај. Вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како ова да не е истиот вирус. За мене ова ми се чини како нов вид на вирус корона, рече д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб на Србија.

Некако помина незабележано дека овој вирус ги напаѓа мозокот, бубрезите, тестисите. Ова е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите. Ќе видиме како ќе реагираат на ова оние млади луѓе кои се заразиле со вирусот. Никогаш не сум видел ваков вирус – изјави Несторовиќ.

Тој објасни дека вирусот сè уште е непознат за научниот свет, но дека сè уште е валиден фактот дека тој е многу сличен на ХИВ вирусот.

Прво ги напаѓа имуните клетки, прво нив ги убива, а потоа оди на најслабата алка. Постојат сличности со ХИВ. Сепак, сè уште е непознато и создава големи проблеми – објаснува Несторовиќ и вели дека многу научни трудови за овој вирус биле повлечени токму поради огромен притисок од јавноста и струката.

Словените и Германците се справија многу добро, ние сме доста отпорни на овој вирус, вели д-р Несторовиќ. Генетиката исто така игра голема улога. Бевме отпорни и на СИДА. Се чини дека оние народи кои страдале многу од туберкулоза се отпорни на СИДА. Вирусите сами по себе не се опасни за нас, тие се опасни за одредени луѓе.


Напишете коментар