Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција извести за најновите информации поврзани со корона вирусот. Во последните 24 часа има нови 52 нови случаи на корона вирус.

Венко Филипче информираше дека се направени и контроли во повеќе градови. Во Тетово речиси воопшто не се почитувале сите зададени мерки. Во Штип не е почитувано правилото за пренесување на работници во текстилните работници со автобус.

Пациентите одбиваат и да кажат со кого се дружеле и даваат лажни адреси. Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општините во Скопје каде има група на заболени и тоа жариште е познато.

Загрижува и тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надвор. Затоа барам поголема ажурност и контрола од МВР, како и санкции на оние што не ги почитуваат овие мерки, рече Филипче.

-Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе се анализираат бројките и податоците и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Во моментот се уште нема потреба за тоа, но доколку треба – ќе воведеме такви мерки.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *