Со гласовите на електорите од сојузните држави пред малку беше потврдена победата на демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден.

Во моментов се доделени 534 од вкупно 538 електорски гласови, а се чекаат само гласовите од Хаваи.

Околу 23,30 часот, по средно европско време, пристигнаа 55 електорски гласови од Калифорнија, потврдувајќи ја победата на Бајден. Бајден во моментов има 302, а Трамп 232 електорски гласови – потребни се 270 за да се победи на претседателските избори. Четирите електорски гласови од Хаваи, исто така, ќе му припаднат на Бајден.

Електорското гласање во принцип е формалност. Но, оваа година е беше интересно поради бројните најави на Трамп дека ќе ги поништи изборните резултати.

Гласавите на електорите ќе бидат испратени до Конгресот на официјално ( службено ) пребројување на 6 јануари 2021 година, што е последната или завршната фаза од изборниот процес во САД, кога сегашниот потпретседател на САД Мајк Пенс треба да објави дека Бајден е нов претседател на Америка.