Лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски рече дека Русија мора да ја искористи политичката криза во САД.

Сега нема претседател во САД, во наредните 72 дена ниту Доналд Трамп ниту Џо Бајден нема да сторат ништо. Можеме да сториме сè што ни користи, на пример да воведеме ред во Украина, во Јужен Кавказ или во Централна Азија, рече Жириновски во емисијата „Вечер со Владимир Соловјев“.

Лидерот на ЛДПР истакна дека Трамп е во право кога тврди дека законските гласови не се оние што пристигнале по завршувањето на гласањето.

Жириновски исто така рече дека Русија може да му помогне на Трамп да победи на претседателските избори во 2024 година, доколку тој е кандидат и дека Русија и Соединетите држави можат да поделат сферите на интерес во тој случај.

Водителите на Си-Ен-Ен, Крис Куомо и Дон Лемон стравуваат дека Трамп би можел да се кандидира и да победи на изборите во 2024 година.

Куомо предупреди дека Америка може „многу брзо да се врати на старото“ и посочи дека Доналд Трамп може да учествува на изборите во 2024 година.

Никогаш не смееме да заборавиме како дојдовме овде, бидејќи можеме многу брзо да се вратиме на старото. Всушност, Доналд Трамп може да се кандидира повторно, рече Куомо.