Дали Македонија имаше улога во изборните резултати во Црна Гора? Добрите познавачи на приликите ќе ви одговорат потврдно на вака поставеното прашање.

Се сеќавате дека пред изборите во Македонија, од страна на опозијата беше објавена афера дека лицето Миодраг Дака Давидовиќ било рекетирано од Зоран Милески Кичеец, Драги Рашковски и Зоран Заев.

Таа беше една од главните теми на ТВ предизборната дебата меѓу Заев и Мицкоски на ТВ 24 Вести.

Давидовиќ во тој момент беше главен фаворит да биде носител на опозициската листа во Црна Гора. По обелоденувањето на таа афера се напушти идеата Давидовиќ да биде носител на изборната листа туку од позадина заедно со владиката Амфилохије Радовиќ да ги влече конците и да ја финансира кампањата.

Историчарор Александар Раковиќ, кој пред неколку години беше прогласен персона нон грата во Црна Гора, по објавувањето на аферата со Давидовиќ им се јави на повеќе свои македонски пријатели блиски на опозицијата да биде запрено со таа афера. Дали поради тоа, или поради фактот дека таа “спорна зделка” тајкунот Давидовиќ ја има склучено со владата на Никола Груевски, сепак опозицијата воопшто или многу малку ја третираше таа афера во текот на кампањата.

По завршувањето на изборите во Црна Гора името на Давидовиќ повторно излезе на површината.

Академикот Милорад Никчевиќ јавно го запраша Дритан Абазовиќ, лидер на коалицијата Црно на бело, без која не може да биде формирана новата црногорска влада, дали не е спотер играч во рацете на Амфилохије Радовиќ и тајкунот Миодраг Дака Давидовиќ?

Не се залажувајте, господине Абазовиќ, дека вашите 4 пратеници ќе можат да ја демонтираат корупцијата и лоповлукот, а дека тие 27 + 10 пратеници собрани за овие избори од Амфилохије Радовиќ, и финансиски опремени од Миодраг Дака Давидовиќ (еден од тајкуните кој и го создаде овој систем, кој, меѓу другото, успеа да биде министер на Караџиќ) ќе бидат мост преку кој ќе ја однесете Црна Гора кон подобра иднина, пишува Никчевиќ.

Според, Никчевиќ точка на тој проект, падот на Ѓукановиќ, беше успешно реализирана. Неговата следна точка е пописот, а потоа и цела низа чекори што треба да ја трансформираат Црна Гора во нова Република Српска, составен дел од платформата Белград-Бања Лука-Подгорица, како компензација за изгубеното Косово. Не потценувајте го фактот дека ова е проект поддржан од земја со непропорционално поголеми воени, економски и безбедносни капацитети од Црна Гора.

Колку и да ви ги мачкаат очите Амфилохије Радовиќ и Дака Давидовиќ дека ќе имате слободни раце да ја смените Црна Гора, знајте дека ќе бидете само играчка во нивни раце, а кога тие ќе ги преземат ресурсите на власта и вие ќе станете вишок, завршува Никчевиќ.

На 27 јуни на порталот Во Центар беше објавена анализа за Миодраг Дака Давидовиќ. Еве линк од таа анализа:


Напишете коментар