Џо Бајден ја освои државата Мичиген на претседателските избори, за разлика од Хилари Клинтон која во 2016 година изгуби во оваа сојузна држава . Можеби тоа е благодарение на помошта на раперот Еминем кој има многу верни фанови во оваа држава.
Дали Еминем му го понуди Мичиген на Џо Бајден на послужавник?
Раперот порасна во Детроит, најголемиот град во оваа држава, кој го освои Џо Бајден на претседателските избори во Америка. На овие избори Еминем му даде поддршка на демократскиот кандидат непосредно пред изборите спротивставувајќи се на Доналд Трамп како кандидат со можност за реизбор. Раперот му даде дозвола да ја користи неговата песнљ “Lose Yourself“, водечката трака од филмот 8 Mile, која ја освои Најдобрата оригинална песна на Оскарите во 2003 година.
Џо Бајден објави спот за кампањата во кој е вклучена песната на раперот во понеделник ден пред изборите. Раперот го сподели и видеото на своите 22,8 милиони фанови. Два дена подоцна, Џо Бајден ги освои 16-те гласови во оваа држава, што не беше случај во 2016 кога победи Доналд Трамп.

Извор Yahoo