Фејсбук ги менува правилата заради Трамп, а во исто време од компанијата најавија и нови содржини на социјалните медиуми.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, рече дека ќе ги ревидира правилата на таа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради постовите на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој им се заканува на демонстрантите против расистичкото полициско насилство.

Фејсбук се соочи со многу негативна критика, вклучително и од нејзините вработени, за нејзината одлука да ги објави контроверзните натписи на Претседателот Доналд Трамп без посебна етикета, во кои тој ги повика и им се закани на демонстрантите против полициското насилство по убиството на Џорџ Флојд.


Напишете коментар