Сезоната на славите веќе во голема мера е започната. Вчера и денес, ќе ја прославиме една од оние слави што ја слават најголемиот број наши граѓани – Свети Никола, христијански светец, кој се смета за заштитник на патниците, морнарите, рибарите и сплаварите.

Како што веќе знаеме, за една слава обично се подготвува многу поголеми количини храна од вообичаеното, изборот е разновиден. Иако овогодинешното одбележување на прослави поради епидемијата на вирусот корона е различно од порано, односно бројот на гости е ограничен и се препорачува да го прославите овој свет ден со вашите најблиски, тоа не е причина да не уживате во храната.

Без разлика дали сте љубител на солени или слатки специјалитети, сигурно ќе имате нешто за себе, но она што треба да го знаете е дека печењето е неопходен дел од секоја мрсна трпеза. Меѓутоа, што треба да има на трпезата кога славата е посна?

Бидејќи Свети Никола паѓа за време на Великиот пост, верниците подготвуваат риба и посна храна.

Подготвувањето мрсна храна за слава е голем грев ако е време да се пости. Дури и ако славата се падне во среда или петок, без оглед дали е време за постење, треба да подготвите посна храна.

1. Погача

Погачата или лебот, најдобро би било да е домашна. Домашниот леб носи посебна симболика на огништето, и секако е многу повкусен од купениот, особено кога е топол. Можете да го направите од пченкарно брашно или мешавина од бело и пченкарно брашно, без додавање јајца или млеко затоа што трпезата е посна.

2. Посно гравче

Посно гравче, најчесто тавче гравче, се служи како совршено топло предјадење, можете да додадете зачини како босилек и нане, па затоа ќе го направите многу повкусен.

3 Ајвар

Исто така, ајварот како македонски бренд е незаменлив дел на трпезата на секоја слава. Може да се сервира и во двата случаи, а исто така е одличен и како предјадење, салата или гарнир. Ајварот остана непрекината традиција на зимскиот период и припаѓа на култната храна на македонскара трпеза.

Бидејќи македонските слави, претежно се слават во зимскиот период, кога е сезона на конзумирање ајвар, секако дека тој зазема свето место на празничната трпеза.

4. Салата од тестенини и туна!

Од салатата, можете да направите салата од тестенини и туна, лесно се подготвува и е многу вкусна.

5. Риба

Се разбира, посната слава е незамислива без вкусна риба, можете да подготвите која било, или онаа што сакате најмногу да ја јадете. За време на оброците, не заборавајте, преку рибата да го исцедите свеж лимон, бидејќи така е многу повкусна и многу поздрава.

6. Подварок

Овој рецепт ќе најде почесно место во вашата кујна, уживајте во мирисот и топлината на вистински семеен ручек.

7. Торта и колачи

Слатките се неопходни на секоја празнична трпеза, вклучувајќи ја и секоја слава, само што треба сега да бидат посни за Свети Никола.