Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во периодот од 13 јуни до 5 јули организира тениски спектакл на Балканот. Целиот регионален тениски настан е наречен Адрија Тур.

Адрија Тур ќе се одржи во повеќе градови низ Балканот. Првиот турнир ќе стартува од Белград, на терените на ТЦ Новак (13/14 јуни), а потоа ќе следуваат турнирите во Задар (20/21 јуни) во Црна Гора (27/28 јуни) и во Бања Лука (3/4 јули).

Покрај тоа, планирано е на 5 јули, во Сараево, Новак Ѓоковиќ и Дамир Џумхур да имаат егзибиционен натпревар.

Директор на турнирот е братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ. Тој беше во Задар во “инспекција” на терените каде ќе се организира еден дел од Адрија Тур.

Освен Ѓоковиќ учество на турнирот потврдија и Доминик Тим и Бугаринот Григор Димитров.

Како што може да се види Ѓоковиќ очигледно ја “заборави” Македонија како дел од неговиот тениски спектакл.


Напишете коментар