Иако многу туристи се надеваа дека границите во Грција ќе се отворат во септември и октомври, дури и со задолжителниот негативен ПЦР тест, ништо од ова нема да се случи, затоа што ситуацијата со коронавирусот во Грција станува сè покомплицирана од ден на ден и во оваа земја има се повеќе заразени и умрени луѓе. Затоа властите во Грција веќе не споменуваат за отворање граници или за ублажување на мерките.

Меѓу бројните жаришта на корона вирусот што избувнаа во Грција се и туристичките региони на Халкидики и Тасос, каде што обично летуваат нашите граѓани.

Според грчките власти, веќе не е тајна дека сезоната во оваа земја пропаднала поради корона вирусот.

И покрај строгите мерки спроведени на границите и аеродромите, последниве денови има значително зголемување на бројот на нови инфекции, па дури и смртни случаи од коронавирус во Грција. Поради тоа ниту еден грчки функционер веќе не зборува за ублажување на мерките туку тие се дополнително заострени. Воведено е задолжително носење маски во затворени простории, пропишани се строги казни за непочитување на мерките, а колку е ситуацијата сериозна зборува фактот дека дури и самите грчките граѓани мора да имаат негативен ПЦР тест доколку се враќаат во Грција од Бугарија и Романија.

Според заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаилас од почетокот на туристичката сезона, коронавирусот е откриен претежно кај туристите од Србија, а потоа следуваат Бугарија, Романија, Албанија и САД.


Напишете коментар