Што се случува во ВМРО ДПМНЕ? Тоа што Никола Груевски го предвиде пред една година!

Груевски предвиде три работи од кои две веќе се остварија.

Прво, Христијан Мицкоски ќе ги изгуби изборите. Тоа се случи!

Втото, Христијан Мицкоски и да ги изгуби изборите нема да поднесе оставка. Тоа се случува сега.

Трето, ако се остварат двете предходни предвидувања, ВМРО ДПМНЕ ќе се распадне како партија.

Значи две третини од предвидувањата на Груевски се остварени, а на третото интензивно се работи. Груевски не е пророк, Груевски само ја познава партијата. Ја познава многу подобро од тие што сега ја водат.

Груевски ја направи таа трансформација, од микро контролирање и микро водење на партијата кога беше лидер ( да се прашува и да одлучува за секоја работа почнувајќи од тоа кој ќе биде прв човек во Кривогаштани, до тоа каква политика да се води за името ) до макро таргетирање и макро контролирање на партијата од Будимпешта.

И во сегашниот конфликт Груевски го прави истото. Навидум не му одмага на Мицкоски. Се уште унгарските медиуми со сите сили му помагаат и се борат Мицкоски да остане на чело на ВМРО ДПМНЕ. На тој начин, на прв поглед, се стекнува впечатокот дека Груевски е за Мицкоски, а против својот прв братучед Сашо Мијалков. Дали е баш така?

Тоа што сите ние, кој порано, а кој подоцна, го видовме во овие три години, дека Мицкоски има политички, лидерски и психолошки лимити кои го прават тешко или речиси невозможно неговото водење на така комплексна партија како што е ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски го имаше видено пред сите нас. Сите лимити на Мицкоски, Груевски ги имаше скенирано ( како што граѓаните ги скенираат фискалните сметки ) уште пред да го постави за свој наследник.

Груевски не се мешаше ни во изборите ( или тоа го правеше преку макро делување-односно насочувајќи го Мицкоски преку карамбол операции да влече погрешни чекори, играјќи на картата на неговата суета и неговите лимити ) а нема ниту сега јавно да се меша во конфликтите во партијата. Груевски ќе чека Мицкоски да ја заврши работата за него.

Или како што знаеше да каже Груевски пред изборите: Мицкоски е сега со една свиткана рака. Ако ја изгуби поддршката од унгарските медиуми тогаш ќе биде со две свиткани раце позади грбот. Тогаш ќе можеше да се жали кај десните сестрински партии дека Груевски му помага на Заев, за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски да ги изгубат изборите. Груевски е многу паметен политичар да си дозволи такво политичко промашување.

Затоа го остави Мицкоски, со целата логистика што му ја остави и стави на располагање, знаејќи дека Мицкоски поради своите лимити ниту може да ја обедини партијата, ниту може да победи на изборите, а ниту пак може да води партија од форматот на ВМРО ДПМНЕ.

Што ќе се случува сега? Тоа што го предвиде Груевски. Партијата ќе се распадне или ќе почне да се распаѓа. Односно во најлоша варијанта може да влезе во една БЕСА сценарио кое на крај може да заврши со две партии кои преку судските постапки ќе докажуваат која е вистинската БЕСА.

Тоа лесно се гледа. Противниците на Мицкоски бараат Конгрес на кој ќе му биде изгласана недоверба. На тоа Мицкоски одговара со промена на Статутот на партијата. И сега условно речено имаме ” два статути на партијата “, стар на кој играат “пучистите” и нов на кој играат “мицковистите”.

Целата енергија на противниците на Мицкоски ќе биде да се свика Конгрес на кој ќе биде сменет Мицкоски. Целата енергија на Мицкоски ќе биде да ја чува Белата палата и печатите на партијата. И двете страни ( освен ако нема директен упад во зградата на Христо Татарчев ) можеби ќе ги остварат своите стратегии. “Пучистите” ќе си изберат нов лидер или лидерство, а Мицкоски ќе си остане во Белата палата. И целата работа од политички да се префрли на судски терен.

Во овој момент работите се повеќе од јасни. Групата која бара промени и оставка на Мицкоски го контролира теренот, а Мицкоски ја контролира Белата палата и со помош на новиот Статус се надева дека ќе може да направи ” протечен бојлер систем ” во раководството, кога една група од 500 до 1000 негови блиски и лојални кадри ќе може со помош на новиот Статут да бидат членови на највисоките партиски тела, а во исто време и делагати на конгресот.

Затоа сега Мицкоски почнува постапка за избор на ново раководство ( се разбира лојално ) во Унијата на младите сили и во Унијата на ветераните.

Со Мицкоски ќе остране тоа проруско и просрпско крило, на кое потоа како де-де-ве ќе се додаде целата екипа на Ѓорѓе Иванов, со се Синиша Алексовски “твитер и застава филм”, со можно финале-спојување на тое ВМРО со Левица на Апасиев. А “пучистите” би формирале прозападно и проамериканско ВМРО, односно ВМРО контролирано од Калето како што ќе ги обвинуваат.

Тие две вмро-а функционираат и сега во ВМРО ДПМНЕ. За својот лидерски мандат Никола Груевски направи толку комплексна партија и толку комплексна структура која гравитира околу ВМРО ДПМНЕ што само лидер со изразени менаџерски способности би можел да води таква партија. Всушност, Никола Груевски ја градеше ВМРО ДПМНЕ како партија која ќе може да биде водена само од него.

Мицкоски ниту имаше лидерски, ниту политички, а ниту психолошки капацитет да го демонтира моделот на Груевски и од ВМРО ДПМНЕ да направи партија по негова мерка. Затоа така неславно тече неговиот мандат на чело на партијата.

Тоа што сега ќе се случува во ВМРО ДПМНЕ ќе им одговара на сите: На Западот, на Белград и Москва, најмногу на Заев и СДСМ, а на крајот можеби ќе се оствари и предвидувањето дека во финалето на преговорите со Бугарите ќе биде поставено прашањето за името ВМРО!? И дали тоа име ќе биде испратено во историјата!? Што мислите колкави се шансите Гордана Сиљановска Давкова или уште повеќе Димитар Апасиев да поднесат предлог до Собранието името ВМРО кое им припаѓа на сите Македонци повеќе да не се користи во партски цели или само од една партија!?

И доаѓаме до најважната точка, а тоа се парите. Настрана од приказните дека во партијата нема пари, во мандатот на Мицкоски во ВМРО ДПМНЕ или поточно речено во системот под контрола на ВМРО ДПМНЕ влегоа многу пари. Каде и како се трошени и потрошени тие пари знае само Мицкоски и мал круг на негови блиски и лојални соработници. Се шпекулира дека станува збор за бројки со осум цифри!?

Мицкоски можеби и би си заминал од партијата ако следното раководство не го отвори и не го третира тоа прашање. Тогаш би бил можен компромис меѓу двете страни, меѓу “мицковистите” и ” пучистите “. Или како велеше генералот на Франко, Емилио Мола тие тргнале да го освојуваат Мадрид со четири националистички колони, а во градот ги чекала петтата колона. Кој ги чека “пучистите ” во Белата палата, а вето на неговиот избор не би ставил Груевски од Будимпешта!?

” Пучистите” се уште немаат кандидат за лидер на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски се надева на поддршка од Камчев да остане на чело на ВМРО ДПМНЕ ( ќе видиме дали екс-реформаторот Александар Михајловски би можел да биде нов Потпретседател на партијата ). Сценариото БЕСА ќе биде долг и измачувачки процес за двете страни. И останува да биде најдено лидерско компромисно решение кои би се темелело на две точки: “можна финансиска амнестија” за Мицкоски во пакет со “отпремнина” за негово заминување од лидерската позиција.

Во секој случај ќе бидат тоа измачувачки процеси за најголемата опозициска партија во државата!?

Повеќе може да погледнете на следниот линк:


Напишете коментар