Не беше изненадување кога Џони Деп објави на Инстаграм: Сакам да ве известам дека од Ворнер Брос ме замолија да си дадам оставка од мојата улога Гринделвалд во „Фантастични sверки“. Го почитував нивното барање и се согласив.

„Фантастични ѕверки“, претпродолжение на популарниот серијал „Хари Потер“, ќе мора да најде нов неативец.

Сепак, дали Деп некогаш ќе се врати од овој скандал, не е јасно.

Откако веста за „оставката“ на Деп од блокбастерот „Фантастични sверки“ стана вирална, „Сан“ весело објави статија со наслов: „Тепачот на жена Џони Деп никогаш повеќе нема да работи во Холивуд откако беше отпишан од Фантастичн ѕверки“. Адвокатот за медиуми Марк Стивенс беше цитиран како вели: „Ова е поразително за Деп. Сега тој е токсичен “.

Судијата којшто го водеше случајот, Џастис Никол, пресуди дека 12 од 14-те наводни физички напади на Деп врз тогашната сопруга Амбер Херд биле докажани со рамнотежа на веројатност. Содржината на статијата на „Сан“ беше оценета како суштински вистинита. Деп рече дека ќе поднесе жалба, но, штетата е направена.

Неговите селебрити- пријатели не го напуштија. За време на судењето за клевета, поранешната девојка на Деп, Винона Рајдер, рече дека била шокирана кога ги слушнала наводите против него и дека тој никогаш не бил насилен кон жени. Актерката Хелена Бонам Картер, која го познава Деп со години, додаде „ништо од ова нема никаква смисла“.

Сепак, актерите не управуваат со Холивуд, а судот на јавното мислење сè повеќе го слуша раководството на филмските студија, особено во пресрет на повеќекратните сексуални скандали што го потресоа Холивуд и доведоа до формирање на движењето #MeToo.

Обвинувањата за тепач на жена ќе му виси околу вратот како воденички камен.

Тој несомнено ќе изгуби уште многу улоги.