Европската унија ќе купи дополнителни 100 милиони дози на вакцина од „Фајзер“ и „БиоТек“, со што вкупно ќе има 300 милиони дози, објави во вторникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

“Одлучивме да земеме дополнителни 100 милиони дози за Европската унија. Имаме вкупно 300 милиони дози од оваа вакцина, која е оценета како безбедна и ефикасна.

Европската комисија потпиша договор со Биотек во ноември за набавка на 200 милиони дози на вакцина, со можност за набавка на дополнителни 100 милиони дози. Цената за дополнителни 100 милиони дози останува иста – 15,5 евра по доза.

Одлуката за активирање на опцијата за набавка на дополнителни 100 милиони дози дојде откако некои потенцијални вакцини, за кои Комисијата исто така потпиша договори за набавки, доживеа непредвидени одложувања во клиничките испитувања.