Откако лекарите од Италија предупредија на балканска верзија на вирусот корона, за која тврдат дека е позаразна од онаа со која се бореле во оваа земја, слични информации доаѓаат од Азија.

Имено, како што појасни министерот за здравство на Малезија, Нор Нишам Абдула, мутацијата на вирусот корона е забележана во различни делови на светот, а мутацијата што е забележана во Малезија потекнува од Европа и е 10 пати позаразна од оригиналниот вирус.

Ова може да значи дека постојните студии и вакцини што се развиваат може да бидат нецелосни или нема да бидат ефикасни против мутираниот вирус, рече тој.

Мутираната верзија на вирусот се рашири во Европа и САД, но засега нема докази дека предизвикуват посериозна и потешка верзија на ковид.

Според студијата објавена во научното списание Cell, мутираната верзија (G614) се појави во февруари и ја надмина оригиналната верзија (D614). Научниците тогаш утврдија дека мутираната верзија е десет пати позаразлива од оригиналниот вирус што бил забележан во Вухан, Кина.

Сепак, со оглед на тоа што мутацијата се случила на протеин кој не е од клучно значење и дека вакцината не е насочена за делување против протеинот, научниците се надеваат дека вакцините кои моментално се во завршна фаза на клинички истражувања сè уште може да бидат доволно ефикасни за да се запре понатамошното ширење на пандемијата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *