Се чини дека британската верзија на новиот коронавирус не предизвикува толку сериозен ковид како што беше првичната загриженост на експертите. Ова го покажуваат две нови студии објавени во специјализирани публикации од групата на британското медицинско списание Лансет, пренесоа светските агенции.

Оваа варијантата, прва идентификувана во Британија на крајот на минатата година, е многу заразна. Се верува дека е меѓу главните причини за новата епидемија во голем број земји во последните неколку недели. Исто така, постои загриженост дека британската верзија, која е веќе најчеста во САД, доведува до потешка клиничка слика на ковид-19. Но студиите покажуваат нешто друго.

Првата студија анализира група од 496 пациенти примени во британските болници во ноември и декември. Авторите не утврдија разлика во ризикот од сериозни болести и смрт кај заразените со британската варијанта на коронавирус и со другите варијанти.

Второто истражување покажа дека вакцините против ковид-19 веројатно се ефикасни против британската верзија. Не се пријавени поголем број на лица заразени со британската варијанта по вакцинирањето отколку со другите варијанти на коронавирусот.

Според британските научници, оваа варијанта е помеѓу 40 и 70 проценти позаразна од претходно доминантниот вид. И двете студии го потврдуваат овој заклучок. Според втората, британската верзија е позаразна за 35 проценти.