Во петок 5 јуни е големиот православен празник Духовден, а во сабота е Задушница. На денешната прес конференција министерот Венко Филипче беше запрашан дали владата поланира да воведе полициски час за Задушница? Според Филипче се уште не е донесена одлуката дали ќе има полициски час, дека тоа прашање се разгледува и дека во наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за одлуката и за сите аргументи каква одлука ќе биде донесена.

Инаку, во изминатиот период за продолжениот викенд за Велигден имаше повеќедневен карантин, од петок до вторник, додека за Рамазан Бајрам имаше карантин од недела до вторник. Во услови на многу сензитивни религиски случување поврзани со корона вирусот ќе биде интересно да се види каква ќе биде владината одлука во врска со Задушница.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *